Како што соопштија организаторите, ЕИП издвојува речиси 30 милијарди евра за финансирање и инвестиции во областите на зелена и дигитална транзиција, поврзаност и раст. Овoј исклучителен вид на поддршка има за цел да му помогне на регионот да зајакне после пандемијата и да отвори можности за иден раст, како и да го доближи Западниотен Балкан до ЕУ.

Вклучени се значајни инвестиции за справување со еколошките и климатските предизвици, надградување на дигиталната инфраструктура и максимизирање на потенцијалот за раст на дигиталната економија, одржлива транспортна инфраструктура и овозможување на подобри конекции во самиот регион, но и со ЕУ, премин кон чиста енергија и постепено исфрлање на јагленот, како и поголема употреба на обновливи извори.

„#ЕУиТИ – Заедно можеме” е втората од три регионални кампањи за подигање на свеста кои се спроведуваат од Европската комисија во тек на три години. Развиена е од Регионалната комуникациска програма за Западен Балкан на Европската Унија.

Содржи интересен мултимедијален микс, вклучувајќи и инфлуенсери и активисти кои се посветени на работа поврзана со главните теми на кампањата и анимирани видео спотови за секоја од четирите теми. Рекламирањето на ТВ, радио, билборди, веб и социјални мрежи започнува на 15 ноември и ќе трае еден месец