Од Центарот за јавно здравје во Битола велат дека годинава набавиле околу 1500 комерцијални вакцини.
-Оваа година имаме набавено околу 1500 комерцијалани факцини за целиот регион Битола, Кичево и Ресен, француски, секоја година се или француски или холандски, навистина имаме добри искуства во изминатите години и сметаме дека со оние кои што ги набави Министерството за здравство 40 илјади вакцини бесплати, дека ова ќе биди количина која што ќе ги задоволи потребите на останатите кои не влегуваат во тие ризични групи, рече др.Елизабета Крстева, директор на Центар за јавно здравје Битола за Tera.mk.
Кои се најачестите реакции после аплицирањето на вакцината против сезонски грип?
-Искуствата од изминатите години кажуваат дека има многу малку несакани дејства, можеби симптоми на лесна настинка, можеби лесно покачена температура, болка во раката, меѓутоа тоа поминува за неколку часа или еден ден, вели др. Крсте
Комерцијаланите вакцини штитат против четири видови инфлуенца.
-Искуствата покажаа дека вакцината против грип не само што штити од варијантите на грип инфлуенца А и Б туку и од други вирусни инфекции, го подобрува имунитетот, така што покрај сите ризични групи кои влегуваат во бесплатните вакцини се препорачуваат и за тие што се помлади од 65 години кои се на некој начин склони во текот на зимата на повеќе респираторни инфекции, луѓе кои во својата работа доаѓаат во контакт со многу други луѓе во затворен простор, луѓе кои користат јавен превоз, па дури и за оние кои прележале Ковид 19 и имаат некои симптоми, би превенирале уште една тешка вирусна инфекција на некој начин со вакцината и луѓе кои патуваат во странство. Во некои држави покрај ковид вакцинација се бара и сертификат за вакцина против грип, вели др. Крстева.
Вакцините против сезонски грип можат да се аплицираат во исто време со вакцината против ковид 19.
-Искуствата покажуваат дека вакцините можат да се ставаат истовремено, треба само едната вакцината да се стави на едната рака, а другата вакцина на другата рака, нема опасност никаква и во еден ден да се стават двете вакцини, рече др.Крстева.
Вакцинацијата во Центарот за јавно здравје ќе се врши секој работен ден во две смени од 8 до 18 часот, а во сабота од 8 до 12 часот. Цената е иста како лани 800 денари.