Таен избор зад затворени врати
Кардиналите избираат нов папа. Денеска попладне, во Сикстинската капела во Ватикан, кардинали од целиот свет ќе ја започнат конклавата – процесот на тајно гласање за избор на 267-от папа на Римокатоличката црква.
Како се избира нов папа во Ватикан и што симболизираат црниот и белиот чад?
133 кардинали со право на глас
На гласањето ќе учествуваат 133 кардинали, кои се веќе пристигнати во Ватикан од 28 април. Тие ќе бидат целосно изолирани од надворешниот свет, без телефонски, телевизиски или интернетски врски, со цел да се осигура дека нивната одлука ќе биде слободна од надворешни влијанија.
Историски најразновидна конклава
Во трката за нов папа се 135 кардинали под 80 години, кои доаѓаат од 71 држава, што ја прави оваа конклава географски најразновидната во историјата на Католичката црква.
Светот се простува од папата Франциск: Почина на 88-годишна возраст
Двотретинско мнозинство за нов папа
За избор на новиот папа е потребно двотретинско мнозинство. На првиот ден се спроведува едно гласање, додека во наредните денови се гласа четири пати дневно – двапати наутро и двапати попладне.
Оваа тема ја разговаравме во Радио Лидер со професорот Звонимир Јанкуловски. Зборувавме за тоа дека папата Франциск почива покрај македонска плоча. Целата емисија може да ја погледнете во продолжение.
Молитва и духовно обновување ако нема избор
Денеска кардиналите избираат нов папа. Доколку не биде избран папа по три дена гласање, процесот се паузира на еден ден. Тој ден е посветен на молитва, состаноци, размислување и духовна обновување. Потоа, гласањето продолжува.