Министерката за образование и наука Мила Царовска го повлекла предлог-законот за дигитализација на учебниците и тој нема да влезе во собраниска процедура.
За ова информнираше пратеникот Антонио Милошоски истакнувајќи дека ова најверојатно се случува по бурните реакции во јавноста во изминатите неколку денови.
Информација: После силните реакции од јавноста, од собраниска процедура вчера е повлечен Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование❗, обелодени на својот Фејсбук профил, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
📌Информација: После силните реакции од јавноста, од собраниска процедура вчера е повлечен Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование❗
Posted by Antonio Miloshoski on Tuesday, April 27, 2021