Поддршка за колегите Горан Момировски и Драган Милосављевиќ!, напиша главниот и одговорен уредник на Радио Лидер, Љупчо Златев.
Во продолжение неговиот став:
Власта на СДСМ и нејзината брутална служба повторно вршат брутален притисок над слободното новинарство! Повторно новинари се гонат за напишан збор и власта ги терети сакајќи да го покрие својот криминал! Ги гони новинарите затоа што откриле криминал на службите!
Потребна е солидаризација од сите колеги за да се стави крај на ваквите процеси.
Поминувам низ истиот процес подолго време и на Драган и Горан им посакувам многу храброст во процесот кој им го монтираат. Верувам дека правдата ќе победи и зад решетки ќе завршат оние кои го монтираат случајот.