пишува: ФРОСИНА РЕМЕНСКИ
Да не прочитав дека, Русковска го изјавила тоа, ќе мислев дека е стар наслов по една изјава на Катица Јанева која на ист таков тон, откако даде исказ кај Вилма Русковска, повикувајќи се на законот изјави дека, „не можат да ја сменат“.
Аналогијата на оваа „незаменливост“ ме поттикна изворно да напишам збор-два за промашената суштина на интервјуто во кое Русковска покажува сериозно непознавање на тоа што општеството очекуваше и очекува од обвинителството што го раководи таа. Но, прилично дискутабилно станува и нејзиното „разбирање“ на организираниот криминал, воопшто.
Зошто?
Ќе читате во неколку продолженија.
⭕ Поената на овој статус не е „смената на Русковска“ кое неминовно ќе се случи. Повеќе од убедена сум дека ќе се случи порано или подоцна, на полош (за неа) начинот од нејзината колешка Јанева – по нејзина заслуга. Полош во смисла на тоа дека, ќе го плати цехот на сите „удбашки услуги“ и многуте други правни гревови во низа❗
ℹ Дали имам лично против Вилма Русковска❓
Намав. Немав ништо лично, до моментот додека таа не почна да има лично против мене. Не, тоа нема никаква врска со некаква обвинителска професионалност. Долга е, а јас сакам да пишувам. Ќе читате❗
〰️ Уште пред да стане шеф за организиран криминал во нејзиното работење препознавав примена на „суприлна и политички насочена удбашка поддршка“ како основа за иден обвинителски подем, која по правило оди под рака со „пара-полициско постапување во обвинителска канцеларија“, а резултатот е нејзината извршителска склоност и чувство за незаменливост❗
✔ Секогаш кога пријателите и газдите на Русковска ќе почувствуваат несигурност ја имаат неа за контакт. Кога почнаа да чувствуваат притисок и упорност за излегување од ложата на обвинителската удобност почнаа да ѝ даваат „фокус“ во погрешен правец и кон погрешен човек. А, кога тој човек си ти, тогаш работите почнуваш да ги гледаш и лично, што е природно, нели❓
ℹ🚩23.03.2019 година❗
Околу 22.15 часот по едно мое гостување на 24 Вести по повод Законот за јавното обвинителство, судбината на СЈО итн., добив телефонска порака со зборовите:
👉„Е фала многу што не исплука културно на телевизија“👈❗
☢ Пораката беше од Вилма Русковска – шефицата на организиран криминал.
Не можев да поверувам дека, јавен обвинител си дозволил на пратеник во Собрание кој носи и гласа закони, и „плука“ со факти, да му испрати порака со ваква содржина.
На пораката ѝ одговорив:
👉„Почитувана обвинителке, ние можеме да не се согласуваме околу многу работи, но тоа не значи дека не треба да се почитуваме. Убава вечер“👈❗
За оваа порака и „забелешката“ информирав „погоре“ што би се рекло.
🔇 Оваа љутка со Вилма “ја разбивме” кога пристигнав и се поздравивме во еден ресторант по повод прославата на една година од 1TV на којашто таа со Бојан Јованосвки ја пееше 🎤 „Шеќерна, Шеќерна …“🎶 За ова сведочат повеќе од 30 луѓе и две обвинителки❗
👉Но, што всушност за Вилма беше „плукање“❓
За пееењето во следен статус.
„Плукање“ беа изнесените факти во емисија дека:
👉СЈО немаше да биде формирано доколку ОЈО за ГОКК (пред се) и другите јавни обвинителства си ја вршле проефсионално и законито работата;
👉доколку не стоеле мирно на телефонските повици од кабинетот на Мијалков, Јанкуловска, Зврлевски и нивните тефтерчиња;
👉доколку „допрениот глас“ не беше заборавена категорија;
👉доколку политички монтираните случаи не зедоа на врат луѓе, семејства и судбини кои ден-денес чекаат одговорност од обвинителите од типот на Русковска;
👉доколку барем еден обвинител на кого му паднале повеќе од две обвиненија беше разрешен;
👉доколку барем еден обвинител кривично одговараше за злоупотреба на службената положба и овластувањата, без право да тврди дека, обвинителите се „заштитени мечки“ и се незаменливи.
Ова за Вилма беше плукање, а за мене и денес се аргументи плус и едно горко дежаву кое го доживува нашето општество со мали нијанси на привиди за правда.
ℹ Летото 2017 година, парламентарниот состав на којшто припаѓав „пена фати“ на парламентарна говорница за да го разреши тогашниот (сега покоен) јавен обвинител Марко Зврлевски за нестручно и несовесно работење, видено од постапувањата на Јован Илиевски (баџанакот) кој тогаш раководеше со организиран криминал и Гешковска – видено низ години и слушнато од бомбите. Да не потсетувам само што се како аргумент се изнесе од парламентарната говорница и за што се не се понуди доказ и аргумент. Она што тогаш сите го знаевме е фактот дека Марко Зврлевски менаџираше обвинителства, а извршителите на „нарачките“ ги правеа неколку обвинители меѓу кои Гордана Смаќовска и Вилма Русковска❗
Тогаш на Вилма Русковска и на другите обвинители воопшто не им пречеше што нивните „независни обвинителски постапувања“ (нели?) беа дел од отчети на политичка партија, џоамити се партиска подружница. Не им пречеше, зошто тие беа извршителите❗
Русковска која за себе знае да каже дека, е една од најстарите обвинители, сигурно се сеќава дека, сензационалистичките полициски акции кои служеа за ПР-алатка на Мијалков и Јанкуловска завршуваа со обвиненија токму од неа. Може не сите, но факт е дека сите што ги водеше Вилма Русковска паднаа на повисоките судови и завршија со ослободителни пресуди. Да ве потсетам на Калдрма, Змијско око 1, Змијско око 2 …, на Детонатор кој како полициска акција експресно заврши по петократното убиство кај Смиљковското езеро, за да се се сокрие како во државата влегле камиони автомат-покер-апарати. Колку да се потсетите на „професионалноста“ на Вилма погледнете едно сведочење на притворена жена која и денес не знае зошто била притворена, а добила ослободителна пресуда „по обвинението на Вилма“.
🚩🚩Не, политички монтираните случаи „Ореше“, „Шпион“, „Пуч“, „Калдрма“ …, не се монтираа во ЈП Водовод и канализација. Се монтираа по „удбашки рецепт во јавното обвинителство за организиран криминал“. Теркот и извршителите се „стандардизирани по јус“❗
☑ Марко Зврлевски го разрешивме тоа лето 2017 година. Ништо од тоа што зборувавме не се случи. Ниту кривично одговараше за несовесно и нестручно работење, а од сликите од „Ромскиот бал“ останува да се потсетуваме на два покојни лика и неколку притвореници во моментот. Ама балот, остана бал❗
ℹ Го изгласавме сегашниот државен обвинител Љубомир Јовевски, кој првично ја именува за в.д обвинител за организиран Гордана Смаќовска која мафташе дека „пола претхода влада ќе затвори со пријавата од Ременски за АФИС-ите“, за да подоцна го уиграат прикривањето со другарка ѝ Русковска❗
☢ Русковска за шеф на организиран криминал дојде два дена по бегството на Никола Груевски од државата (17 ноември 2018)по упатен акт за издржување на казна затвор. До денес, Русковска не излезе пред јавноста да објасни што презела и каква одговорност кај кого утврдила. Нешто пред тоа, со Гордана Смаќовска го застапуваа обвинението за 27 Април, за да подоцна (крајот на 2018) Вилма се вмеша и во фазата на подготовка на законот за амнестија кој подоцна го критикуваше. Зошто и како (интересно), во некоја од следните објави❗
Како Вилма Русковска стана потенцијален кандидат за шеф на организиран криминал
ℹ Ако таа го одговори ова прашање, сигурно ќе каже дека го заслужила со работа, дека е докажан професионалец, дека е долгогодишен и најстар обвинител, дека сите високо-профилирани криминалци само нејзе и веруваат (ова го кажуваат тие, не таа), дека водела сериозни случаи итн.
🚩ℹ Факт е дека Русковска и Пановски го застапуваа „Диво Насеље“ и факт е дека, таа и Смаќовска го застапуваа „27 Арприл“, но исто така е факт дека, и во едниот и во другиот случај, но и во неколку актуелни случувања лежи интересот и името на еден човек, а тоа е Сашо Мијалков❗
ℹ🚩 На кој начин Мијалков го подготви поставувањето на извршителот Русковска за шеф на организиран криминал ⁉️
ℹ🚩Вилма вика нема број од Мијалков⁉️
☢🚩Продолжува …. Утре во 20.00 часот (дел втори)❗
🙈🙉🙊