Коалицијата ВРЕДИ денеска до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи откако ревизорите утврдиле дека над 120 милиони денари потрошил за ОБСЕ Самитот без документација и евиденција додека бил министер за надворешни работи.

-ВЛЕН денеска поднесува пријава до Јавното обвинителство за да се пристапи по негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за времето кога министер беше Бујар Османи. Ревизорите утврдија дека над 120 милиони денари се потрошени за ОБСЕ Самитот без документација и евиденција. Тоа отвора сериозни сомнежи за злоупотреби на јавни пари. Нема докази каде се потрошени пари. Јавното обвинителство мора да истражи. Ова не првпат. И како министер за здравство, Османи доби негативен извештај, а институциите го амнестираа. Денес нема да дозволиме да го гледаме истото сценарио во кое судството и обвинителството молчат. Граѓаните заслужуваат отчетност и правда. ВЛЕН нема да молчи, истакна Гранит Османи од ВРЕДИ на денешната прес-конференција пред Јавното обвинителство.

Тој потенцира дека очекуваат Јавното обвинителство да отвори случај и да покаже, како што рече, дека за сите важат истите правила и оти сите граѓани се еднакви.