-Во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар на улица „29 Ноември“ во Тетово, покрај реката Пена во кој гореле два стари кревети, кои претходно ги запалил 36-годишниот тетовец О.Б. Нема повредени лица и со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во понеделникот полицијата јa расчисти серијата пожари на контејнери кои се случија минатиот месец. До обвинителството поднесе пријави за тројца малолетници поради сомнение дека сториле три кривични дела: „предизвикување општа опасност“, „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ и „загадување на животната средина и природа“, казниви по членовите 288, 206 и 218 од Кривичниот законик.