СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Е.(31) и Х.Е.(49), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ и против И.Е.(28), Б.Е.(23) и Ј.Б.(21) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „соизвршителство“, соопшти денеска МВР.
Станува збор за случајот од 08.03.2024 кога, како што информира МВР, на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот помеѓу М.А. и петтопријавениот Ј.Б., пријавените физички го нападнале оштетениот, при што првопријавениот С.Е. со нож му нанел убодни рани.