-Во изминатите неколку дена, на повик на жители на селата Габрово и Разловци, интервенирав кај кучиња кај кои видлива беше појавата на труење што лесно можеше да се забележи по нивната пена на устата. Со соодветен третман дел од животните успеаа да се спасат, но во два случаи за жал, поради доцниот повик, беше предоцна да се стори нешто, бидејки кучињата починаа пред да биде интервенирано, истакна Стоименовски.

Поради ова апелираше на претпазливост, и порача сите кои ќе забележат нешто сомнително во однесувањето на своите миленици во делот на задушување, веднаш да повикаат ветеринар.

-Со навремено преземени мерки, во повеќето случаи е можно да се постигне поволен исход, а знаците на труење се развиваат во рок од 2-3 часа по внесувањето храна со отров. Првото нешто што обично треба да се направи, ако не поминало повеќе од 4 часа е профузно повраќање, миење на желудникот со слаб раствор на калиум перманганат, какп и употреба на абсорбента (Polysorb, Enterosorb). Потоа, треба да го наводнувате животното да се наводнува со мукозни супи – ориз, ленено семе и друго, додава Стојменовски.

Фрлањето отров од страна на несовесни поединци како што дополни е опасна појава и за децата, поради што апелира несовесните добро да размислат пред да се одлучат на таков чекор, бидејки откривањето на сторителите е казниво дело.