Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го враќа угледот на просветните работници во Македонија. Покачување за 5 отсто веќе во октомврската плата е епилогот по вчерашниот состанок на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и првиот човек на Синдикатите, Јаким Неделков.

Покачена октомвриска плата, а во март ново покачување

Владата и СОНК постигнаа договор. Октомвриската плата на наставниците и професорите од основното и средното образование ќе биде зголемена за 5 проценти. Веќе во март, ново зголемување за 7 насто.

Задоволни сме од договорено, во следните четири години растот на платите ќе биде постојан, уверено кажува првиот синдикалец, Јаким Неделков по вчерашната средба со Премиерот.

Постојан раст на платите на наставниците

Платите на наставниците и професорите е предвидено во следниве четири години постојано да се зголемуваа. Во зависност од кондицијата на буџетот, тоа ќе биде од 7,5 до 12,5%.

Владата пријател на работниците

До февруари треба да бидат изготвени колективните договори и коефициентите за работа каде има нејаснотии. Владата како трета страна преку економско социјалниот совет ќе учествува во дијалогот меѓу работниците и работодавачаите за подобрување на условите за работа.

Професорите ќе добијат и К-15

Премиерот Мицкоски претходно најави и К-15 за наставниците. Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги исполнува предизборните ветувања. На првиот училишен ден оваа училишна година, Мицкоски се сети и на наставниците, па најави дека околу 83 до 84 илјади вработени чии што работодавач е Владата ќе добијат К-15 на крајот на ноември или почетокот на декември.

Светски ден на наставниците: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за првпат ќе обезбеди К-15 за просветните работници

Разликата е евидентна – раст на платата за 50 отсто со ВМРО-ДПМНЕ

Разликата е евидентна. Во претходните седум години Владата на СДСМ и ДУИ не направи речиси ништо за наставниците. Сега за четири години платата на наставниците ќе порасне за речиси 50 отсто.