Полицајците се жалат на физичко и емоционално страдање, што според нив е резултат на насилството предизвикано од Трамп. Џејмс Бласингем и Сидни Хемби, кои се 28 години во полициската служба, велат дека биле повредени во немирите. Секој од нив бара отштета од најмалку 75.000 долари. Тие го обвинуваат Трамп за помагање и поддршка на нападот.

Трамп не одговори на тужбата поднесена против него пред федералниот суд во Вашингтон.

Ова е трета голема граѓанска тужба против Трамп за одговорност за нападот, откако претходно двајца демократски пратеника покренаа тужба против поранешниот американски лидер и други лица.