Како што информираа денеска од МВР, вчера, во 14.40 часот во товарен воз на железничка станица Криволак, полициски службеници од Единицата за брзо распоредување пронашле 20 лица – мигранти од Пакистан.

Исто така, вчера во 16.55 часот на ул.„Индустриска“ во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино пронашле 9 лица – мигранти од Пакистан, соопшти МВР.

Мигрантите биле предадени на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово за понатамошна постапка.