Белградскиот сплав „Фристајлер“ почна да тоне на новогодишната ноќ, а сопственикот, менаџерот и директорот беа уапсени во понеделникот под сомнение дека дозволиле да влезат повеќе луѓе отколку што можело да собере сплавот, поради што почнал да тоне. На сплавот, кој бил регистриран за 220 лица, имало најмалку 715 луѓе.
Полицијата во истрагата пронашла билет со сериски број 715, зпостои сомневање дека тоа е бројот на продадените билети за дочекот пишува српски Блиц.
На официјалната страна на белградскиот сплав беше објавено дека сплавот нема да работи поради „годишниот одмор и новосоздадената ситуација“.