Триесет и осумгодишниот Б.И. од Тетово, сопственик на угостителски објект, заработи кривична пријава за непостапување според здравствнеи прописи во време на епидемија. Како што информира СВР-Тетово, на 12 март во неговиот угостителски објект биле затекнати 40 лица собрани на семејна веселба што е спротивно на мерките за заштита од ширење на коронавирусот.
– На 12 март оваа година, полициски службеници од СВР-Тетово и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителскиот објект, при што констатирале дека има околу 40 гости на семејна веселба со што не биле почитувани мерките и протоколите на Владата за спречивање на ширењето на ковид-19, информираат од МВР.