Полицијата во најголемиот казахстански град Алмати денеска соопшти дека привела околу 2.000 луѓе во масовните протести.
-Полицијата од Алмати е во акција да ги расчисти улиците… Вкупно се приведени околу 2.000 луѓе, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Казахстан.
Претседателот на Казахстан, Касим Жомарт-Токаев нареди да се формира истражна група која ќе ги утврди причините за немирите во земјата и ќе ги повика на одговорност сите кои учествувале во немирите, соопшти денеска претседателската прес-служба.
Во истражната група ќе бидат претставници на Обвинителството, МВР, Комитетот за национална безбедност
Протестните собири против високите цени на горивата почнаа на 2 јануари во регионот Мангистау во југозападен Казахстан, и по два дена во Алмати на југоисток и други градови, при што демонстрантите се судрија со полицијата и има жртви.