Министерот за здравство Венко Филипче, денеска изјави дека Комисијата ќе достави предлог до Владата за кратење ма полицискиот час, и целосно поништување на истиот за време на престојните празници.
Да се отворат летните тераси на сите угостителски објекти, полицискиот час да се скрати и да почне од 21 часот, а за време на претстојниот празник Велигден, сабота кон недела (1 кон 2 мај) и 12 кон 13 мај кога се слави Рамазан Бајрам да нема полициски час, односно да може граѓаните слободно да се движат, а во тие денови работењето на угостителските објекти да биде исто како што ќе биде и дотогаш до 20, односно 20:30 часот.
– Ова се одлуките за нови рестриктивни мерки кои денеска ги донесе Кризниот штаб, кои треба да важат во следниот период, односно утре на седница на Влада треба да се добие согласност и да се прифатат, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Комисијата ќе го достави предлогот до Владата која за него треба да одлучи на седница.