Три лица загинаа во семејна куќа во Велико Градиште, Источна Србија, во тешко злосторство што се случило денеска. Според информациите на српските медиуми, граничен полицаец Б.К. со пиштол ги убил својот зет и 19-годишната ќерка на неговата сестра, по што си го одзел животот.
Злосторството се случило околу 13:30 часот во семејна куќа во Велико Градиште. Според досегашните информации, полицаецот најпрво го убил сопругот на својата сестра, а потоа ја убил и својата 19-годишна внука.
По двојното убиство, Б.К. извршил самоубиство со истото оружје.
Како што дознаваат српските медиуми, конфликтот во семејството наводно избувнал поради нерешени имотни прашања.
