Вчера околу 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека три лица со употреба на сила влегле во продажен објект на ул.„Тале Христов“ во Скопје, при што предизвикале пожар и заминале од местото.
Пожарот е изгаснат од полициски службеници со противпожарен апарат, а при гаснење на пожарот двајца полициски службеници вдишале чад и биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
