Повеќе од два милиони Полјаци досега ги примиле двете дози вакцина.
Главниот советник на премиерот задолжен за програмата за вакцинација изјави дека стапките на пријави за стари лица се намалени, па затоа владата одлучила да го прошири пристапот до пријавување за вакцинација.
-Во изминатите два дена беше забавено пријавувањето на лица над 60 години, па затоа решивме да овозможиме пријавување на луѓе кои изразија подготвеност да го сторат тоа во јануари, изјави Михал Дворчик за приватното радио РМФ ФМ .
Тој додаде дека на луѓето помеѓу 40 и 60 години, кои изразија подготвеност да се вакцинираат, преку ноќ им е испратена препорака да се пријават за вакцина.
Пратениците од опозицијата го критикуваа неочекуваниот потег на владата.
Почитувано Министерство, ваквите промени треба да бидат објавени во моментот на покренување! Луѓето не треба да дознаат за тоа од вашиот одговор на мојот Твитер, објави на Твитер левичарскиот пратеник Адријан Зандберг.
Поради навалица врз системот, тој падна, а Дворчик на прес-конференција рече дека регистрацијата на лица на возраст меѓу 40 и 59 години ќе биде привремено прекината на неколку часа за да се отстрани техничката тешкотија.