Министерот за финансии на Руската Федерација, Антон Силуанов, соопшти дека во рамки на санкциите против Русија, западните земји замрзнале околу половина од руските златни и девизни резерви, односно околу 300 милијарди долари.

Имаме вкупен износ на резерви од околу 640 милијарди долари, а околу 300 милијарди од резервите во моментов не можеме да ги користиме – изјави Силуанов за телевизијата „Русија 1“.

Министерот претходно изјави дека сите буџетски обврски, пред се социјалните, ќе бидат приоритетно ќе бидат исполнети и дека русија има ресурси за тоа.