Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

„Системот овозможува во реално време да се знае каде се наоѓа секое возило, по која маршута се движи, со која брзина, колку време е во движење, но и колкава е реалната потрошувачка на гориво.

Дополнително, преку специјални сонди се контролира и нивото на гориво, со што директно ги лоцираме нелогичните трошоци и ја оптимизираме работата. Секое возило, секој километар и секој литар гориво мора да има оправдување.

Ова е систем на одговорност и затоа сакаме со сопствен пример да покажеме дека Град Скопје максимално го штити буџетот на граѓаните и дека функцијата не е привилегија, туку обврска“, пишува градоначалникот.