Поради уличен дефект ф-350 мм на булевар „Партизански Одреди“ бб (спроти ТЦ Сити Мол), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите во непосредна близина, односно дел од булеварот и дел од улицата „Лондонска“.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот.