Македонската женска ракометна репрезентација претрпе пораз од Црна Гора со 23-29 во вториот натпревар на турнирот „Трофеј Македоника“, што се игра во салата „Билјанини Извори“ во Охрид.

Избраничките на селекторот Игор Марковиќ беа надмоќни во првото полувреме, но не успеаја да го задржат темпото во вториот дел. Црногорките поведоа со 8-3 уште во раната фаза на натпреварот и на полувреме заминаа со водство од 15-9. Во воведните минути од второто полувреме гостинките стигнаа и до највисоки +7 (19-12).

Македонската репрезентација направи обид за кам-бек со серија од 4-1 и се доближи на четири гола разлика (22-19), но потоа Црна Гора повторно го контролираше резултатот и на крајот запиша победа со конечни 29-23.

Најефикасна во македонските редови беше Сара Ристовска со осум постигнати гола, додека Миа Јанеска постигна четири.

Утре на турнирот се играат последните два натпревари: од 17:00 часот Црна Гора ќе игра против Србија, а во 19:00 часот Македонија ќе го мери силите со Хрватска.