Тренерот на Барселона, Ханси Флик, на официјалната прес-конференција пред претстојниот дуел од домашното првенство против составот на Алавес, отворено се осврна на актуелната форма на тимот и резултатскиот притисок. Јавноста со голем интерес очекуваше одговор за тоа како екипата ќе реагира по двата последователни порази од сериозни противници, односно неуспесите против ПСЖ во рамките на Лигата на шампионите и против Реал Мадрид во дербито „Ел Класико“.
Пред да започне со спортскиот дел од обраќањето, предводникот на каталонскиот тим упати порака на солидарност и сочувство поради трагичниот инцидент што ја потресе Шпанија.
„Во име на нашите играчи, нашиот персонал и мое име, им изразуваме најдлабоко сочувство на сите погодени од оваа трагична железничка несреќа во Толедо. Стоиме зад овие семејства, испраќајќи им ја целата наша позитивна енергија и целата наша љубов“, рече Флик.
Говорејќи за случувањата на теренот и амбициите на клубот, тој напомена дека сезоната е долга и дека последните резултати нема да ги поколебаат зацртаните планови.
„Ова е она што отсекогаш сум го кажувал, патот е многу долг. Ништо не е загубено, поразени сме од Реал Мадрид, и никому не му се допаѓа тоа, но мора да се соочиме со тоа и, како што реков пред малку, тој меч мислам дека можевме да го добиеме според создадените шанси. Но, мора да го прифатиме поразот и да учиме од него. Имаме повредени играчи надвор од составот, Жил, Чави Еспарт, Олмо, Ерик Гарсиа, Кристенсен… не е лесно да се справиме со ова и мора да најдеме решенија. За утре, работите се јасни, трите бода се најважни“, изјави Флик.
