Поради реализација на предвидени манифестации во Скопје по повод одбележувањето на националниот празник Илинден, утре во централното подрачје на градот Скопје ќе биде организиран посебен режим на сообраќајот.

– Посебениот режим на сообраќај ќе се воспостави со почеток 07:30 часот при што за сообраќај ќе бидат затворени дел од улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, и тоа на потегот од крстосницата со булевар „Кочо Рацин“ до крстосницата со улица „Васил Главинов“, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.