Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад ја информира јавноста за новите цени на греењето. Поради зголемената цена на природниот гас како резултат на геополитичките случувања, донесена е одлука цената на топлинската енергија од 1 декември да се зголеми во просек за 7,56 отсто за домаќинствата што се снабдуваат од ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Производство на топлина и ЕСМ Енергетика.
За корисниците кои се приклучени на мрежата на поранешна топлана Скопје Север, сегашна Енерџи Еколинк, зголемувањето изнесува 5,84 проценти.
Со оваа одлука просечната сметка ќе се зголеми за 188 денари и ќе изнесува 2.681 денари.
Одлуката следува откако сите компании кои ги снабдуваат потрошувачите со топлинска енергија во Градот Скопје доставија вонредни барања за промена на регулираниот максимален приход и ревидирање на цената на топлинска енергија, што беше донесена во јули, а е на сила од 1 август 2026 година.
Во Градот Скопје близу 70.000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија преку дистрибутивната мрежа.
