Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес од Охрид одговарајќи на новинарско прашање во однос на поскапувањето на струјата и финансиската поддршка од владата за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања и заштита на ранливи потрошувачи на енергија како и тоа дали субвенциите за електрична енергија на владата ќе им помогнат на граѓаните истакна дека поскапувањето на струјата директно ќе удри врз стандардот на граѓаните и дополнително ќе ги осиромаши.
-Видете сме го коментирале тоа многу пати до сега, дека тоа ќе удри директно врз стандардот на граѓаните, и дека практично тоа е уште еден чекор кон осиромашување на граѓаните, нагласи Мицкоски.