Селата Мало Орашје и Дубона кај Младеновац се обвиени во црно по трагедијата што се случи во четвртокот вечерта кога У.Б.(21) со истрели од автоматска пушка уби осум лица, а рани 14.
Српска Nova.rs правејќи репортажа во овие села ја слушнаа изјавата на психотерапевтката Марија Миленковиќ, која исто како и многумина, претрпела голема загуба и раскажа што точно се случило кобната вечер.
„Убиен е син на мојата золва, 21 година, дете кое правеше скара и се дружеше со своите пријатели. За среќа, неговата сестра, која во тој момент се приближила, односно дошла со своите другарки со автомобил, до местото каде што се одржувала крвавиот пир, кога слушнала дека убиецот истрчал и рекол: „Сега ќе ве убијам сите“, скокнала од автомобилот. Отишла на блиската нива и трчала околу пет минути, а потоа се сокрила во импровизирана куќа сместена во полето“, вели Миленковиќ и додава:
„Од таму повикала полиција и полицијата ја координирала, со нив била на линија околу 40 минути. Додека не дошла полицијата, таа не излегла од дома. Дури кога ја напуштила куќата сфатила што всушност се случило, дека многу деца кои биле присутни починале на лице место“.
За трагедијата да биде поголема, тоа злосторство се случило на околу 500 метри од нивната куќа.
За среќа Теодора преживеа, но нејзиниот брат веќе не е тука, Немања е детето кое го знаев од раѓање, го носев во раце. На 11 или 12 години ја имаше несреќата да го прегази трактор, тогаш се боревме за неговиот живот, но тој тогаш имаше среќа. Преживеа тогаш, ова денес, ова е тага за сите нас“, рекла видно потресена Миленковиќ.
Урош Б. со истрели од автоматска пушка во четвртокот вечерта убил осум лица, а 14 од нив ранил, во двете села Мало Орашје и Дубона.
Потоа запрел таксист и го принудил да го однесе во селото Вињиште кај Крагуевац, каде што полицијата го уапсила.
Потерата по него траеше до раните утрински часови, кога конечно беше врзан со лисици.
При претрес на куќа и помошен објект во населбата Вињиште, полицијата пронашла четири рачни бомби, неколку кутии пиштолска муниција, неколку парчиња муниција за пушка, рамка за пиштол, две рамки најверојатно за автоматска пушка, носач за оптика, како и автоматска пушка без фабрички број.