Шуга во кумановско: Изолиран ученик и сомнителни случаи

Во основното училиште „Кирил и Методиј“ во село Романовце потврден е случај на шуга кај првоодделенец, додека тројца други ученици се во изолација поради сомнение за инфекција.

  • „Имаме потврден случај, а за останатите тројца добивме усна информација. Семејството на заразениот ученик е во изолација до 22 февруари,“ изјави директорот Скендер Рушити.

Превземени мерки во училиштето

Училиштето веднаш спроведе дезинфекција и информирање на учениците.

  • „Сите училници се темелно исчистени и дезинфицирани. Одржани се часови за инфективни болести за подигнување на свеста,“ потврди Рушити.

Извор: Вечер