Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) ги означи јужноегејските острови со темноцрвено на својата ковид мапа по последниот пораст на бројот на нови случаи на коронавирус. Оттаму советуваат да не се патува од и кон регионот, освен во итни случаи.
Во групата од 13 „темноцрвени“ острови влегуваат и некои од најпопуларните дестинации во Грција за странските туристи, како Миконос, Санторини и Родос, па дури и популарниот Крит.
Почетокот на сезоната во Грција беше солиден, споредено со минатата година, но со сегашниот развој на ситуацијата, состојбата е непредвидлива.
Македонските туристи да избегнуваат резервирање аранжмани во критичните делови на соседната земја.