На 18 декември 2026 година, во просториите на Народната банка ќе се одржи 60. сесија на Клубот на истражувачите.

Сите заинтересирани што сакаат да презентираат работен материјал на оваа сесија, можат да се пријават со доставување на материјалот на електронската адреса opstiinfo@nbrm.mk, најдоцна до 10 декември 2026 година.

Трудовите треба да бидат изработени согласно со современите трендови и меѓународни истражувачки стандарди, што подразбира темелна емпириска анализа, како и детално систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како отворена платформа за дискусија и размена на стручни мислења, постои можност да се презентираат иницијални резултати и сознанија од истражувања и трудови кои сè уште се наоѓаат во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка претставува отворена платформа наменета за презентација и аргументирана дебата за научноистражувачки трудови, со посебен фокус врз монетарната политика и макроекономијата. Зачленувањето во Клубот е од отворен карактер за сите истражувачи, а дополнителни детали се достапни преку официјалната веб-страница на Народната банка во посебниот оддел посветен на Клубот на истражувачи.