Портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски информира дека во незгодата која е пријавена во неделата околу 16:30 часот, со телесни повреди се здобил полицискиот службеник што биле констатирани во медицинскиот центар во Кичево. Увид на самото место извршила екипа на ОВР-Кичево.

-За настанот известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР, додаде портпаролот Димоски.