Жена на возраст од 46 години е повредена синоќа во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје, откако врз неа паднала решетка од вентилација за време на концерт. Настанот се случил околу 22:00 часот, а повредената била пренесена во Ургентниот центар.

Случајот во 23:15 часот го пријавил Клиничкиот центар до СВР Скопје, од каде биле информирани дека жената М.И. од Скопје се здобила со телесна повреда од падната метална решетка.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на инцидентот.