На 17.06.2024 во 19.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат 1109, обиколница Богданци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(62) од Богданци и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.М.(36) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Г., а возачот З.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.