Според информација од полицијата, патничко возило „цитроен“, управувано од А.М.(31) од населба Оризари, излетало од коловозот.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.С.(21), а со телесни повреди се здобиле уште две сопатнички А.А.(23) и Д.С.(25), сите три од Кочани, констатирани во Општата болница Кочани, информира полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кочани.