Настанот се случил на подрачјето на општина Центар синоќа околу 21 часот и 40 минути.

-На 08.05.2021 во 21.40 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен малолетник од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејства, стои во билтенот на МВР.

Лицето било спроведено во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.