ВМРО-ДПМНЕ ја критикува СДС и кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, за повторно користење на истите ветувања за почист воздух и средување на Вардариште, без реални резултати од претходните години работа во Министерството за животна средина.
Во продолжение соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:
„Нова предизборна кампања, СДС и Шукова со истите празни ветувања и после 7 години.
СДС, Заев и Шукова уште пред 7 години ветуваа здрава животна средина и чист воздух, Заев урлаше од Аеродром и ветуваше чист воздух има можност и не направија ништо.
Каја Шукова поранешната министерка за животна средина и поранешна секретарка во истото министерство сега и како кандидат за градоначалник на СДС за Скопје повторно со истата реторика и ветувања за средување на Вардариште и почист воздух за граѓаните.
Шукова да не ја потценува интелегенцијата на народот, граѓаните знаат дека Шукова е 20 години во Министерството за животна средина и државен секретар и ништо не направи, нула резулатати.
Шукова за 20 години не направи ништо за Вардариште, како сега има повторно образ пред граѓаните како кандидат за градоначалник на СДС за Скопје повторно исто да ветува и Вардариште да го користи како тема во кампања.
Во пракса СДС преку Заев, Филипче и Шукова беше 7 години на власт а проекти и резултати во животната средина се речиси ништо.
Колку за потсетување на јавноста токму во време на СДС беа тргнати чуварските служби од Вардариште и Дрисла со што дополнително се влоши ситуацијата.
Граѓаните на Скопје заслужуваат проекти, работа и резултати а не празни зборови и популизам. ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски нудат вистински решенија, проекти и посветеност за поздрава животна средина.“