Лажни дојави за бомби во две средни училишта во Скопје
Утрово две средни училишта во Скопје добиле електронски пораки со закана дека во нивните објекти е поставена експлозивна направа. Како што пренесува МКД.мк, информацијата е потврдена и од Министерството за внатрешни работи.
„Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави“, соопштија од МВР.
Наставата продолжи непречено
И покрај пријавените лажни дојави за бомби наставата во двете училишта не била прекината, а институциите реагирале навремено за да се гарантира безбедноста на учениците и наставниот кадар.
Ова не е првпат вакви лажни дојави да предизвикаат вознемиреност во образовните институции. Претходниот пат МВР целосно го расчисти случајот.
По големата голгота со испраќање лажните дојави за бомби во училиштата веќе години наназад МВР конечно откри кој стои зад нив. Имено, според информации на секторот за бобра против тероризмот двајца 14-годишни малолетници од Скопје ги испратиле лажните дојави за бомби. Тие го признале делото.
Од МВР апелираат за воздржаност и одговорност, потенцирајќи дека ваквите дејствија претставуваат сериозен прекршок и се предмет на истрага.