Повторно се тресе македонско тло, овој пат во околината на Гостивар. Новиот земјотрес е регистриран со магнитуда од 2 степени според Рихтеровата скала. Како што пишува ЕСМЦ епицентарот бил на 19 километри оддалеченост од Гостивар.
Длабочината на потресот е 15 километри. Земјотресот е регистриран во 12 часот и 15 минути.
Вчеравечер скопјани беа разбудени од земјотрес нешто по 2 часот, кој беше со јачина од 3,4 степени по Рихтер.
Во текот на вчерашниот ден освен на македонско подрачје, земјата се тресеше неколкупати во Грција.