Голем пожар избувна во руската амбасада во Манила, по што вработените и членовите на нивните семејства се евакуирани, а нема повредени, соопштија денеска руските и филипинските власти.
Се истражува причината за пожарот, кој синоќа избувна на вториот кат од амбасадата во главниот град на Филипините.
Според соопштението на филипинското биро за противпожарна заштита, неколкучасовниот пожар предизвикал штета од два милиони долари.
Во гаснењето на пожарот учествуваа десетици противпожарни возила.