Пожар изби денеска во урнатините на дел од зграда во сојузната американска држава Флорида и ги отежна напорите на спасувачите кои трагаат по 159 исчезнати лица.

Пожарникарите не можат да го пронајдат изворот на пожарот во урнатините во малото гратче Сурфајд, во близина на Мајами.

Дел од дванаесеткатницата се урна во четвртокот, а досега е потврдена смртта на четири лица.

Претходно денеска, градските власти објавија извештај од 2018 година, во кој се наведува дека зградата на брегот на океанот, чиј дел се урна во четвртокот, имала „големи структурни оштетувања“ што требало темелно да се санираат.