Два поголеми пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие, соопшти Центарот за управување со кризи. Според информациите од ЦУК, гореле диви депонии во општините Желино и Боговиње.
Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека во периодот од 18.00 до 19.30 часот со едно против-пожарно возило. тројца пожарникари од Тетово интервенирале на запалена дива депонија во атар на с.Церово, Општина Желино.
„Од 19.50 часот започнал пожар на дива депонија над расторанот „Дарданија“ во Општина Боговиње. Во гаснењето на пожарот интервенирале три пожарникари со едно ПП возило и еден ренџер од Националниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарот бил локализиран“,информира ЦУК.
ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките за превенција, а и за реагирање при итни случаи.