Пожарот што ја зафати зградата на парламентот на Јужна Африка за време на викендот повторно е ставен под контрола, соопшти рано утринава противпожарната служба, пренесе ДПА.
Пожарот избувна во неделата и првично беше ставен под контрола, но силниот ветер повторно го разгоре и синоќа доведе до негово ново разгорување.
-Пламените јазици беа изгаснати по полноќ, изјави портпаролот на противпожарната служба Џермејн Карелс за телевизијата eNCA.
ДПА претходно јави дека во зградата на парламентот е уапсен еден 49-годишен маж, кој денеска треба да се појави пред суд, а се товари за провална кражба и подметнување пожар.
Трошоците за обнова на оваа историска градба се проценуваат на неколку стотици милиони долари.
Пожарот ја уништи салата на Националното собрание и повеќе канцеларии.