Пет лица се повредени откако денеска избувна пожар на божиќен базар во Анје, Белгија.

Градоначалникот на Анје, Пјер Рондија информираше дека две од повредените лица се пренесени во болница во критична состојба. Тој додаде дека пожарот избувнал откако експлодирала плинска боца, при што целосно изгореле две дрвени куќички, а оштетени биле уште две.

Рондија посочи дека надлежното обвинителство веќе ја истражува точната причина за пожарот.

Божиќниот базар „Маредсу“ во Анје, кој се наоѓа јужно од Брисел, е отворен пред два дена и предвидено е да трае шест викенди. Во рамките на самата опатија Маредсу за посетителите се поставени повеќе од 60 штандови.