Голем пожар избувнал синоќа во скопската општина Зелениково, при што огнената стихија се приближила до првите куќи. Благодарение на брзата реакција на противпожарните екипи и локалните жители, пожарот бил спречен да се прошири кон објектите.

Во гаснењето помогнале и членови на Доброволното противпожарно друштво од Зелениково, кои заедно со професионалните пожарникари интервенирале на теренот.

Според податоците од Центарот за управување со кризи, денеска во Македонија се активни четири пожари, додека уште три се ставени под контрола.