Истекува рокот од ултиматумот
Денеска завршува рокот што претседателот на САД, Доналд Трамп, му го постави на рускиот лидер Владимир Путин за прикажување на вистински напредок кон завршување на војната во Украина, во спротивно следуваат уште поостри економски санкции.
Што нуди Трамп на Путин за прекин на војната?
Според информации на „Блумберг“, претставници на САД и Русија работат на договор за териториите, кој би бил презентиран на планираниот самит меѓу Трамп и Путин, најверојатно кон крајот на следната недела. Извори наведуваат дека Вашингтон настојува да обезбеди поддршка од Украина и европските сојузници, но исходот е неизвесен. Мировниот план предвидува Русија да ги задржи освоените украински територии, додека Путин инсистира на целосен Донбас, вклучувајќи Луганск, Донецк и Крим.
Локации за можниот самит и изјава на Трамп
Можни локации за средбата се споменуваат локации како Обединетите Арапски Емирати, Унгарија, Швајцарија и Рим. Сепак што Доналд Трамп веќе го најави, сега е потврдено: тој ќе се сретне со Владимир Путин во Алјаска на 15 август. Средбата ќе се одржи во американската држава Алјаска за шест дена. Во фокусот ќе биде војната во Украина. Според Трамп, една од можните теми е размена на територии. Запрашан дали ќе го почитува рокот на ултиматумот, Трамп изјави: „Тоа зависи од Путин“.
Ова ќе биде прва лична средба на американски претседател со Путин од летото 2021 година.
Извор: ДВ