Десет од нив беа второпласирани во своите групи, додека Австрија и Чешка доаѓаат преку Лигата на нации.

За првпат во историјата, бараж за Мундијалот ќе игра македонската фудбалска репрезентација. „Црвено-жолтите“ ќе бидат во групата на неносители заедно со, Турција, Полска, Украина, Австрија, Чешка.

Во групата на носители се: Русија, Италија, Португалија, Шкотска, Шведска и Велс.

По жрепката закажана за 26 ноември ќе се формираат три групи со по четири селекции. Во секоја група ќе се игра по еден полуфинален и еден финален меч. Победниците од сите групи ќе се пласираат на Мундијалот во Катар следната година.

Полуфиналињата ќе се играат на 24 март 2022 година, финалињата пет дена подоцна (29 март).