Учениците во основното образование по наставниот предмет „Македонски јазик“ за првпат се запознаваат со правилата за едначење по звучност во шесто одделение. Оваа граматичка содржина е основа на македонскиот правопис и писменост.

Покрај основните правописни правила, во наставните лекции детално се учи и за важните отстапувања. Меѓу нив е и правилото дека гласот „в“ не бележи промени во правописот, иако во секојдневниот говор и изговор се слуша безвучно.

Така на пример, во зборовите како што се „автомобил“ и „евтино“ постои гласовно едначење по звучност само во изговорот, но истото никогаш не се бележи во македонскиот правопис. Поради тоа, правилното пишување е исклучиво со буквата „в“, односно правилно е „автомобил“ и „евтино“.

И покрај овие основни правила што се изучуваат уште на рана возраст, практиката покажува дека дел од пратениците или функционерите не присуствувале редовно на овие часови по македонски јазик.

Правописна грешка во официјален документ