Се работи за Дарко Јовановски од полициската станица во Гази Баба, кој на свеченост на 27.12.2020 година беше прогласен за најдобар полицаец во Скопје од страна на градоначалникот Петре Шилегов.

– Ова е веќе пракса во полицијата. Секојдневно млади колеги даваат откази и ја напуштаат земјата. – говори за Лидер негов постар колега.

Колегите се сеќаваат дека Дарко бил навистина најдобар полицаец во градот. Службеник на кој можете да се потпрете и во најтешките ситуации.

Му посакуваме среќа и успеси во Германија, со прашалници над главата за тоа зошто ја напуштил нашата земја?